АФИКС ПЛАСТ ДООЕЛ ПРИЛЕП е компанија која е целосно посветена на примената на квалитетот како систем на работа и истиот се од големо знaчење и на највисоко ниво. Основната цел на компанијата е да ги задоволи потребите на клиентите и нивните очекувања преку нудење квалитетни производи и услуги во производството на компоненти од пластични маси по принцип на инјектирање и екструзија. Системот за управување со квалитет според барањата на стандардот ISO 9001:2015 континуирано се надгледува и унапредува со цел да бидат исполнети Политиката и целите на компанијата. Високиот степен на Системот за управување со квалитет е темел на работењето и постојаното унапредување на компанијата.
- АФИКС ПЛАСТ ДООЕЛ ПРИЛЕП изјавува дека главната цел на раководството и целиот персонал е давање на квалитетни производи и услуги на своите клиенти што одговара на сите нормативни барања.
- АФИКС ПЛАСТ ДООЕЛ ПРИЛЕП континуирано ќе го следи степенот на задоволство на клиентите и ќе ги проучува и исполнува нивните препораки, барања и рекламации се со цел истите да ги користи за подобрување на своите производи и услуги.
- АФИКС ПЛАСТ ДООЕЛ ПРИЛЕП се грижи за долготрајна и квалитетна соработка со своите клиенти, добавувачи, партнери и сите заинтересирани страни со цел обезбедување на квалитетни производи и услуги.
- АФИКС ПЛАСТ ДООЕЛ ПРИЛЕП се стреми да одржува тим од висококвалификуван и мотивиран персонал и води сметка за одржување и благопријатен творечки амбиент, пришто секој извршител да биде свесен за важноста на своите дејствија во однос на задоволувањето на барањата на клиентите и просперитетот на фирмата.
- АФИКС ПЛАСТ ДООЕЛ ПРИЛЕП ќе се грижи за континуиранa обука и едукација на вработените како основна потпора на Системот за управување со квалитет.
- АФИКС ПЛАСТ ДООЕЛ ПРИЛЕП се обврзува на идентификација на ризиците и можностите и превземање на корективни мерки за постојано унапредување на квалитетот на производите и услугите кои ги нуди.
- АФИКС ПЛАСТ ДООЕЛ ПРИЛЕП применува процесен период кон создавање и одржување на Системот за управување со квалитет според барањата на стандардот ISO 9001:2015 и за таа цел извршува идентификација, планирање, воведување, контрола и континуирано подобрување на сите процеси кои имаат влијание врз квалитетот на сите производи и услуги.
- АФИКС ПЛАСТ ДООЕЛ ПРИЛЕП им гарантира на своите клиенти коректност и максимално исполнување на превземените ангажмани во закажаните рокови.
- АФИКС ПЛАСТ ДООЕЛ ПРИЛЕП се обврзува да ги исполни законски барања за заштита и управување со околината и заштита на здравјето и безбедност при работа.
- АФИКС ПЛАСТ ДООЕЛ ПРИЛЕП вложува напори за зачувување на здравјето и безбедност на вработените во сите деловни активности.