Основната дејност на компанијата Афикс Пласт ДООЕЛ е производство на пластичен фитинг за куќна канализација.

Исто така, се занимава и со трговија на пластични маси – полипропилен ПП и полиетилен ХДПЕ, полиетиленски цевки и црева, разни водоводни материјали и ПВЦ цевки од  φ 50 до  φ 200.

Асортиманот на производи е осмислен така да купувачите пронајдат на едно место се што е потребно за инсталација на водоводната и канализационата мрежа.

Робата е присутна на македонскиот пазар каде што со сопствен возен парк се врши бесплатна достава.

Покрај македонскиот, присутна е и на пазарот на Србија, Бугарија, Романија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово. .

Афикс Пласт со своето 10 годишно искуство стана компанија добро позната во Македонија и во странство чие што име е синоним за добар квалите, врвна услуга и лојалност.

Вршиме производство на пластични сегменти за Европски компании кои работат во секторот автоиндустрија.