ЗА НАС
Компанијата Афикс Пласт ДОО е основана во 2003 година во Прилеп, Република Македонија со 100% приватен капитал. Компанијата работи под европски стандарди за квалитет. Долгогодишното искуство во производство ја прави препознатлив бренд како во Македонија така и во Европа. Таа препознатливост е изразена и преку долгогодишната соработка со нашите кленти и соработници, и довербата дадена најпрво од нашите вработени, кленти и останати соработници. Примарна дејност на компанијата е производство на фасонски делови за куќна канализација изработени од пластични материјали. Исто така врши услужна дејност за производство по нарачка, како и трговија со суровини. Компанијата е извозно ориентирана и извезува како на Балканот така и во Европа.
- Мисија – Компанија која обезбедува високо квалитетни производи изработени од пластичен материјал и која е насочена кон подобрување на квалитетот на производсите и услугите.
- Визија – Препознатлив лидер кој произведува различни пластични компоненти во различни сектори.
Политика за квалитет
АФИКС ПЛАСТ ДОО ПРИЛЕП е компанија која е целосно посветена на примената на квалитетот како систем на работа и истиот се од големо знaчење и на највисоко ниво. Основната цел на компанијата е да ги задоволи потребите на клиентите и нивните очекувања преку нудење квалитетни производи и услуги во производството на компоненти од пластични маси по принцип на инјектирање и екструзија. Системот за управување со квалитет според барањата на стандардот ISO 9001:2015 континуирано се надгледува и унапредува со цел да бидат исполнети Политиката и целите на компанијата. Високиот степен на Системот за управување со квалитет е темел на работењето и постојаното унапредување на компанијата.
- АФИКС ПЛАСТ ДОО ПРИЛЕП изјавува дека главната цел на раководството и целиот персонал е давање на квалитетни производи и услуги на своите клиенти што одговара на сите нормативни барања.
- АФИКС ПЛАСТ ДОО ПРИЛЕП континуирано ќе го следи степенот на задоволство на клиентите и ќе ги проучува и исполнува нивните препораки, барања и рекламации се со цел истите да ги користи за подобрување на своите производи и услуги.
- АФИКС ПЛАСТ ДОО ПРИЛЕП се грижи за долготрајна и квалитетна соработка со своите клиенти, добавувачи, партнери и сите заинтересирани страни со цел обезбедување на квалитетни производи и услуги.
- АФИКС ПЛАСТ ДОО ПРИЛЕП се стреми да одржува тим од висококвалификуван и мотивиран персонал и води сметка за одржување и благопријатен творечки амбиент, пришто секој извршител да биде свесен за важноста на своите дејствија во однос на задоволувањето на барањата на клиентите и просперитетот на фирмата.
- АФИКС ПЛАСТ ДОО ПРИЛЕП ќе се грижи за континуиранa обука и едукација на вработените како основна потпора на Системот за управување со квалитет.
- АФИКС ПЛАСТ ДОО ПРИЛЕП се обврзува на идентификација на ризиците и можностите и превземање на корективни мерки за постојано унапредување на квалитетот на производите и услугите кои ги нуди.
- АФИКС ПЛАСТ ДОО ПРИЛЕП применува процесен период кон создавање и одржување на Системот за управување со квалитет според барањата на стандардот ISO 9001:2015 и за таа цел извршува идентификација, планирање, воведување, контрола и континуирано подобрување на сите процеси кои имаат влијание врз квалитетот на сите производи и услуги.
- АФИКС ПЛАСТ ДОО ПРИЛЕП им гарантира на своите клиенти коректност и максимално исполнување на превземените ангажмани во закажаните рокови.
- АФИКС ПЛАСТ ДОО ПРИЛЕП се обврзува да ги исполни законски барања за заштита и управување со околината и заштита на здравјето и безбедност при работа.
- АФИКС ПЛАСТ ДОО ПРИЛЕП вложува напори за зачувување на здравјето и безбедност на вработените во сите деловни активности.




