Седиште Афикс Пласт

Компанијата Афикс Пласт ДООЕЛ е основана во 2003 година во Прилеп, Република Македонија со 100 % приватен капитал. Се занимава со производство на фасонски делови за куќна канализација изработени од пластика. Располага со 4000 м2 отворен простор и 2200 м2 затворен простор од кои 1200 м2 е магацински склад за суровини и готов производ и 1000 м2 хала на која се работи со 10 машини на бризгање, Краус Мафај и Батенфелд.